Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДС го покачи ДДВ за прехранбени производи и убедуваше дека чипсот е нездрав и луксузен продукт, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Ново назначените кадри на високи позиции во СДС, од третиот и четвртиот ешалон на владеење на Зоран Заев, како да заборавија дека до пред шест месеци беа власт“, стои во реакцијата на прес-конференција на Кристина Костова и се додава:

— реклама —

Амнезијата, очигледно, е најдобрата мерка која што можат да користат, но за тоа ние чувствуваме обврска да ги потсетиме. Лошата економска состојба во државата и стандардот на граѓаните е токму последица на седум годишното владеење на СДС.

— реклама —

За време на раководењето со државата од страна на СДС и нивниот ментор Заев, се носеа адхок решенија од денес за утре, кои економијата и стандардот на граѓаните го донесоа до ова дереџе.

— реклама —

СДС го покачи ДДВ-то за прехранбените производи и ја убедуваше македонската јавност дека чипсот е нездрав и луксузен прехранбен продукт.

За време на нивното владеење доведоа над 500 илјади македонски граѓани на раб на сиромаштија кои денот го поминуваа со 150 денари, пензионери кои протестираа пред влада со празни тегли затоа што пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат.

Инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена, а економијата ја уништија на сметка на фирми блиски до нов кои заработија милиони.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата, странски директни инвестиции, покачување на плати и пензии, и за заштита на стандардот на граѓаните.

Со новогодишната кошничка за прв пат се опфатени околу 1000 производи, кои ќе обезбедат пониски цени на прехранбените производи. Со ефикасните економски мерки преземени од владата реално се намалуваат цените на основните прехранбени производи и заедно со покачените плати и пензии, директно со тоа се штити стандардот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 5 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 9 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања