Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library4mhc6ssfenpdcTR9R2z

Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични, велат од опозициската СДСМ.

— реклама —

„Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.

— реклама —

Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.

— реклама —

Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат своите деца.

Сега, кога поскапе горивото, се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи. А тој дрско се однесува кон работниците и вели дека утре ќе барале 800 евра. Поради поскапувањата и тие ќе бидат малку.

Не е хистерија 600 евра плата Мицкоски, тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања