Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ бара одговор: Колку чинело летот на Мицкоски до Јадран и кој патувал со него?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

СДСМ јавно го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори колку средства од буџетот чинело неговото патување со владин авион до Јадранското Море и со кого бил на тоа патување.

— реклама —

Од партијата тврдат дека користењето на владин авион за, како што наведуваат, приватно луксузирање претставува „вистинското лице на власта“, оценувајќи дека додека граѓаните се соочуваат со економски притисоци, извршната власт демонстрира непримерен однос кон јавните пари.

— реклама —

СДСМ наведува дека во исто време Владата одбива зголемување на минималната плата на 600 евра, кратела средства за земјоделците во висина од 40 милиони евра, како и пет милиони евра во спортот, додека, според нив, се користат буџетски средства за луксузни патувања.

— реклама —

Во соопштението се прави паралела и со поранешниот премиер Никола Груевски, со тврдења за претходни набавки на луксузни предмети, како и со наводи дека дел од членовите на Владата патувале со владин авион во Будимпешта.

Партијата дополнително реагира и на информациите за можноста за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека станува збор за непотребен трошок во услови на буџетски дефицит. Според СДСМ, ваквите приоритети се спротивни на реалните потреби на граѓаните, кои се соочуваат со зголемени трошоци за живот.

„Нека не се крие Мицкоски, да излезе пред граѓаните и да каже колку чинело неговото возење со авион до море и кој бил со него“, порачаа од СДСМ, барајќи транспарентност и отчетност за трошењето на јавните средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања