Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ бара одговори за тендери вредни 9 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски цел ден не дала никакво образложение за информациите што партијата ги објави за, како што тврди, спорни тендерски постапки вредни речиси 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени, формирана минатата година.

Според социјалдемократите, институциите игнорирале повеќе прашања поврзани со критериумите, законитоста и причините поради кои токму оваа компанија била избрана како најповолен понудувач.

— реклама —

Од СДСМ велат дека молкот на Владата отвора сомнежи за можни неправилности и дека јавноста има право да знае како се трошат буџетските средства. Во партиското соопштение се наведува дека одговори стигнале единствено од ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ го толкува како индиректна потврда дека, како што велат, „партиските структури имаат увид во процесите што треба да бидат исклучиво институционални“.

Социјалдемократите тврдат дека станува збор за „организирана шема за испумпување на јавни пари“ преку повторливо доделување тендери на ограничен број компании, поврзувајќи го случајот со поранешни големи афери од периодот на владеењето на Никола Груевски.

— реклама —

Од партијата најавуваат дека ќе продолжат да објавуваат документи и докази кои, според нив, укажуваат на злоупотреби, и бараат вклучување на сите надлежни органи – Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и другите институции – за независна истрага.

До затворањето на текстот, од Владата немаше официјален коментар на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања