Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryd72ab6lmgea31aGi0A9

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската општина Карпош, во која загинаа мајка и дете.

— реклама —

Таа оцени дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство и системски неуспех да се заштитат човечки животи. Според неа, семејно, физичко и психичко насилство било пријавувано две години, а против сопругот имало и други пријави.

— реклама —

„Институциите биле алармирани, имало индиции за ризик, но со несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите. Потфрли МВР, потфрлија центрите за социјална работа и целиот институционален систем“, наведува Тренчевска.

— реклама —

Од СДСМ бараат темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност со име и презиме кај сите службени лица во МВР, центрите за социјална работа и другите институции кои постапувале во случајот.

Тренчевска посочува дека ова не е изолиран случај и потсетува дека и претходно имало трагедии по пријавено семејно насилство, нагласувајќи дека е потребен „ресет на целиот систем“ и утврдување одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања