Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Бесплатен оброк и бесплатна екскурзија за учениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sdsm-45134

,,Победничката „Програма за европска иднина“ на СДСМ за претстојните избори предвидува серија мерки за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.

— реклама —

Бесплатен оброк се воведува за учениците во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти.

— реклама —

Бесплатен јавен превоз се воведува за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето.

— реклама —

За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“ во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.

Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус од 3.000 денари за материјали и учебни помагала.

Со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија.

Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.

За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“.

Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на врсничкото насилство.

Младите се нашата иднина.

Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина“ на СДСМ.”, изјавија од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 18 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања