Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Четиринаесет дена молк за 5 тони дрога запленета во Србија, кој ќе понесе одговорност?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ обвини дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница и кој ќе сноси одговорност.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека молкот на Владата, предводена од Христијан Мицкоски, како и на надлежните функционери, претставува, според нив, индиректна потврда дека случајот допира до највисоките владини структури.

— реклама —

СДСМ реагира и на изјавата на Мицкоски во која спомнал заплена од 100 тони марихуана, прашувајќи како било можно толкаво количество да се произведува без институциите да реагираат. Според нив, за производство на таква количина би била потребна значителна површина и континуирана логистика, што отвора сомнежи за евентуални пропусти во контролите.

— реклама —

Партијата поставува прашања за улогата на Министерството за внатрешни работи, инспекциските служби и безбедносните агенции, како и за функционирањето на системот „Сејф сити“, прашувајќи како е можно шлепери со дрога да минуваат покрај камери, скенери и контроли.

Од СДСМ порачаа дека нема да се откажат од барањето одговорност и повикаа на целосно расчистување на случајот. Од Владата засега нема официјален став на обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања