Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Еве како работат кујните на ДПМНЕ, ова е нивно разоткривање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека целосно ги разоткрил, како што велат, „кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации“, со кои, според партијата, системски се одвлекува вниманието на јавноста од актуелните скандали.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека секогаш кога власта е соочена со сериозни обвинувања за криминал и корупција, како што е, според нив, договорот за мигранти склучен од финансиски интереси, се активира организирана медиумска кампања за дефокус и извртување на фактите.

— реклама —

„Во изминатите две недели јавноста беше сведок на три клучни теми – антикорупциските објави на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс. Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации блиски до ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните информации за власта“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала, како што велат, координирана кампања со идентични текстови исполнети со навреди и неточни тврдења.

„Ниту еден збор не беше објавен за суштината на прес-конференцијата – за мигрантите, за Резолуцијата, ниту за јасната осуда на нападот врз новинарите“, обвинуваат од СДСМ.

Според партијата, станува збор за веќе виден модел од времето на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучувал лажни вести, манипулации и притисоци врз медиумите, со цел, како што велат, да се сокрие вистината од граѓаните.

Од СДСМ додаваат дека анализите и графиконите кои ги презентирале, јасно ја покажуваат координацијата и организираноста на кампањата.

media-librarylg7hlrvv5fgi704bpUl media-librarycat7qtubfjho34wWbMf media-libraryj8s80h445n598LRnb9G media-library3m8ne9pakptsewbN26T

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 17 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања