Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ ја изрази својата целосна поддршка за протестот на работниците и Сојузот на синдикатите, во нивната борба за зголемување на минималната плата и повисоки плати во сите сектори. Според партијата, барањата за минимална плата од 600 евра и покачување на платите за 100 евра се оправдани, имајќи предвид дека инфлацијата и високите цени сериозно го намалуваат животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

„Граѓаните живеат тешко, сиромаштијата расте, а платите стојат во место. Владата на Мицкоски нема пари за покачување на минималната плата, има само за тендери“, истакнуваат од СДСМ, потсетувајќи на бројни тендери кои, како што велат, завршиле кај избрани фирми.

— реклама —

СДСМ ја нагласува разликата од нивното владеење, кога минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Партијата посочува дека како опозиција продолжува да стои зад работниците и дека предлага законски решенија за покачување на платите, кои власта досега ги одбила.

— реклама —

„Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата, наместо да увезува ‘економски работници’ и да ги губи квалификуваните кадри во странство“, заклучуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 35 минути

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 1 час

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 16 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања