Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

Скопје се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа, а граѓаните секојдневно дишат отровен воздух исполнет со токсични материи опасни по здравјето, реагира СДСМ.

— реклама —

„Наместо Владата да инвестира во конкретни проекти и политики за почист воздух и да преземе итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, приоритет на владата на Христијан Мицкоски се криминалните тендери и испумпување јавни пари“, велат од СДСМ.

— реклама —

„161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга – за тоа има пари владата на Мицкоски. За мерки против загадувањето и за чист воздух – нема“, посочуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека, по методите на Вучич и Никола Груевски, Мицкоски ги манипулира граѓаните со тврдења дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена, што, како што велат, е очигледна лага.

„По толку многу лажни изјави, јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија прашуваат што е следно – дали ќе се забрани јавно да се зборува за загадениот воздух во Скопје, само затоа што Мицкоски тврди дека тој е чист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања