Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Груевски и Мицкоски останаа без Орбан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
mickoski-gruevski-141412

СДСМ реагираше по изборните резултати во Унгарија, оценувајќи дека поразот на Виктор Орбан и победата на опозициската Тиса, предводена од Петер Маѓар, претставуваат пресврт што ќе има последици и за македонската политичка сцена.

Од партијата посочуваат дека со ваквиот исход се отвора прашањето за статусот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој со години престојува во Будимпешта. Според нив, тој досега уживал заштита од унгарските власти, но новата политичка состојба може да доведе до негова екстрадиција во земјава за издржување на затворската казна.

— реклама —

СДСМ исто така упати критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговата партија останува без важен меѓународен сојузник по промените во Унгарија.

Во реакцијата се наведува и дека новото унгарско раководство најавило подготвеност за соработка во однос на лица кои се барани од правдата, што, според СДСМ, треба да се искористи за отворање постапка за екстрадиција на Груевски.

— реклама —

Од партијата повикаа институциите да преземат конкретни чекори, нагласувајќи дека „правдата, колку и да доцни, на крајот мора да стигне“, како и дека земјата треба да продолжи по европскиот пат со засилена одговорност и владеење на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан нема да присуствува на самитот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3r3uf893jpbf7Z4teIY

(Видео) Маѓар објави снимка: на балкон го видел Орбан и прашал дали вежба проштален говор

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Поразот на Виктор Орбан е голем удар за Трамп и американската десница

Свет | пред 1 седмица

viktor-orban

Анкета: Орбан убедливо губи

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања