Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Има за авион и луксуз, нема за 600 евра минимална плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylb4grqvav3s821jfNql

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека власта одбила зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што, како што наведуваат, има средства за „луксузирање, мебел и авион“.

— реклама —

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ, денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. Според опозицијата, за законот дебатирале само нивни пратеници, додека владејачкото мнозинство го одбило и предлогот за јавна расправа, како и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

— реклама —

„Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата. Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион, ама нема за поголеми плати за работниците“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека средствата за набавка на авион не се повлечени и дека нема најави за ребаланс на Буџетот, што, според нив, покажува дека власта нема намера да се откаже од таа набавка.

Во реакцијата се наведува и дека, како што велат, се води координирана медиумска кампања со наратив дека „потребен е авион“, додека, според СДСМ, главната тема – зголемување на платите – се оттурнува во втор план.

„Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот“, порачуваат од опозициската партија, додавајќи дека работниците не смеат да останат без решение.

СДСМ апелира законските измени да бидат прифатени „заради работниците“, оценувајќи дека, како што велат, „доста беше од игри“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања