Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ иницира постапка да го исклучи Петре Шилегов од партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
silegov

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешен висок функционер, од членството во партијата.

— реклама —

„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за платформа за рушење на СДСМ”, велат од СДСМ.

— реклама —

Вчера во Дневникот на Сител телевизија, Шилегов најави дека наскоро, поголема група социјалдемократи ќе побараат оставка од актуелното раководство.

— реклама —

„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и ќе ги замолиме луѓето што ја водат партијата да престанат да го прават ова. Нека дојдат други и да ја водат партијата“, рече Шилегов.

Shilegov

Ќе побараме оставка од раководството на СДСМ, вели Шилегов

Поранешниот функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во вечерната „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа оопозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да доојдат некои други да ја раководат партијата“, рече Шилегов.Додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.„Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ - безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап“, вели поранешниот градоначалник на Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Silegov

Шилегов: Филипче ако сака да го спроведе моето разрешување, нека дојде во организацијата во Карпош

Македонија | пред 1 седмица

Silegov

Шилегов: СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydceajh27ed0vdA5W1Z4

Шилегов по веста дека СДСМ ќе го исклучи: Имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Македонија | пред 1 седмица

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Оваа лакардија Обвинителството е должно да ја прекине, изложуваме премногу луѓе на огромна траума, вели Шилегов за судскиот процес „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања