Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шилегов: СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Silegov

Поранешниот градоначалник на Скопје и поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов изјави дека постои договор СДСМ да биде во сегашната состојба, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да освои два мандати, со цел да се избегнат евентуални истраги и кривични постапки.

— реклама —

Шилегов оцени дека партијата е кадровски исцрпена и дека одлуката за иницирање на негово исклучување е спротивна на Статутот, бидејќи, како што рече, таквата постапка треба да ја води општинската организација.

— реклама —

Тој го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да дојде во општинската организација во Карпош и таму да се разговара за неговото исклучување и за состојбите во партијата.

— реклама —

Шилегов најави дека ќе продолжи со својата платформа и стратегија и побара актуелното раководство да се повлече за да ја ослободи партијата, која некогаш беше државотворна.

„СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода“, рече Шилегов.

Изјавата доаѓа откако вчера, Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да иницира постапка за негово исклучување од партијата. За ова треба да расправа и да донесе одлуца Централниот одбор, најверојатно наредната недела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Silegov

Шилегов: Филипче ако сака да го спроведе моето разрешување, нека дојде во организацијата во Карпош

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydceajh27ed0vdA5W1Z4

Шилегов по веста дека СДСМ ќе го исклучи: Имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Македонија | пред 1 седмица

silegov

СДСМ иницира постапка да го исклучи Петре Шилегов од партијата

Македонија | пред 2 седмици

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Оваа лакардија Обвинителството е должно да ја прекине, изложуваме премногу луѓе на огромна траума, вели Шилегов за судскиот процес „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања