Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Истата политика, друго име – по Груевски, Мицкоски ја води Македонија наназад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
mickoski-gruevski-141412

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека овој јануари се навршуваат точно десет години од оставката на поранешниот премиер Никола Груевски во 2016 година, настан што, според партијата, го означил почетокот на крајот на еден 11-годишен режим кој ја уназадил државата на сите полиња.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека со заминувањето на Груевски завршила ера на, како што ја оценуваат, незапаметен криминал и корупција, системски грабеж на граѓаните, партизација на институциите, заробено судство и медиуми, задушена демократија и меѓународна изолација. Во тој период, потенцираат, Македонија не била членка на НАТО и била далеку од Европска Унија.

— реклама —

Партијата оценува дека тоа било време на сиромашни и обезправени граѓани, со најниски плати во регионот, постојани црни кампањи, политички прогон, притисоци и поделби во општеството.

— реклама —

„По десет години, со ВМРО повторно сме на исто“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека во последните две години, со Владата предводена од Христијан Мицкоски, државата повторно се движи кон изолација и оддалечување од европските интеграции и стратешкото партнерство со САД.

Според СДСМ, животниот стандард на граѓаните повторно опаѓа, македонските работници имаат најниски плати во регионот, а Владата не презема суштински мерки за подобрување на состојбата. Истовремено, како што тврдат, се интензивира партизацијата на институциите, се врши притисок врз судството и обвинителството, а полицијата се злоупотребува за партиски цели.

Партијата обвинува дека криминалот и корупцијата повторно „цветаат“ преку, како што ги нарекуваат, криминални тендери со кои се испумпуваат јавни средства, додека нема пари за зголемување на платите, минималната плата и примањата на војниците.

СДСМ наведува дека повторно се сведочи на црни кампањи против опозицијата, јавен линч, политички притисоци и загрозување на слободата на медиумите и демократијата.

„На исто сме со ВМРО – само на местото на Груевски денес е Мицкоски“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека е време власта повторно да се врати во рацете на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 1 час

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 2 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 17 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања