Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: „Историско“ зголемување на платите работниците го дочекаа со историско зголемување на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
market-pari

СДСМ обвинува дека цените на храната и горивата континуирано растат, а Владата на Христијан Мицкоски не реагира. Според нив, намалувањето на ДДВ за горива од 18% на 10% не дало ефект. Посочуваат поскапувања: зејтин до 118 ден., кафе 120–140, мелено месо 730–840, пилешко над 400, јајца над 110, пиперки до 300 и домати над 200 ден. Тврдат дека платите не растат доволно и бараат мерки: 0% ДДВ за храна, пониски акцизи, ДДВ за горива 5% и преполовени патарини.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, велат од СДСМ.

— реклама —

„Единствената мерка на Мицкоски - намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната.

— реклама —

Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари,  меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари,  јајцата над 110 денари.  Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките достигнуваат и до 300 денари, доматите над 200 денари.

— реклама —

Ова е секојдневие на илјадници македонски семејства кои се борат како да обезбедат храна, како да го наполнат фрижидерот.

Кога носиш часовник од 65.000 евра, овие цени не се високи. Но, за работниците на кои не им е зголемена минималната плата, па дури и за административците на кои им се нуди само 7% зголемување, затоа што, како што вели Мицко „колку работат, доволно и имаат“ – нема да издржат ни до 15-ти во месецот.

Граѓаните осиромашуваат а платите не растат. Власта одби да ја покачи минималната плата и сега ниту 600 евра плата не се доволни да се живее достоинствено.

„Историско“ зголемување на платите работниците ќе го дочекаат со историско зголемување на цените и ќе остане запаметена историски најлошата Влада.

Наместо да ги штити бизнис интересите Владата на Мицкоски веднаш да ги прифати мерките на СДСМ за  0% ДДВ за храната, намалување на акцизите  на горивата за 4 денари, намалување на ДДВ за горива на 5%и преполовување на патарините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања