Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Изборот на Анита Топалова за в.д. државна јавна обвинителка е обид за целосна контрола врз обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

Опозициската СДСМ оцени дека изборот на нова в.д. државна јавна обвинителка претставува уште еден обид на актуелната власт да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството.

Според партијата, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски настојува, како што наведуваат, да го стави правосудниот систем под политичко влијание, со цел да се избегне одговорност за, како што тврдат, криминални тендери кои се реализираат на штета на граѓаните.

— реклама —

Како аргумент за ваквите обвинувања, од СДСМ го посочуваат изборот на Анита Топалова Исајловска за в.д. државна јавна обвинителка. Според соопштението на партијата, таа во минатото била обвинителка која барала укинување на предметот „Талир“, случај поврзан со незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во кој меѓу обвинетите беше и поранешниот премиер Никола Груевски.

Од СДСМ дополнително наведуваат дека Топалова Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик-министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што, според партијата, дополнително ја засилува загриженоста за можен судир на интереси и политичко влијание врз обвинителството.

— реклама —

Партијата оценува дека ваквите случувања потсетуваат на периодот на владеење на Никола Груевски и предупредува дека, како што наведуваат, ваквите обиди за контрола врз правосудството нема да поминат незабележано.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 3 минути

— реклама —
vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања