Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Јавниот обвинител мора да биде независен 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

СДСМ вели дека нема однапред да го осуди кандидатот за државен јавен обвинител Ненад Савески, кој има искуство, но клучно е дали ќе работи независно и непристрасно или под диктат на власта. Тие најавуваат дека будно ќе ја следат неговата работа, особено за случаи што водат до власта, наведувајќи низа тендерски афери поврзани со владата на Мицкоски и сомнежи поради начинот на разрешување на претходниот обвинител.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО, велат од опозициската СДСМ

— реклама —

 „Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт.

— реклама —

 Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад Савески говори дека станува збор за човек со долгогодишно искуство.

— реклама —

 Но, клучното прашање е дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално, и непристрасно или под диктат на владата.

 СДСМ и граѓаните внимателно и будно ќе ја следиме неговата работа токму по тоа – дали ќе има храброст да се спротивстави на притисоците и да постапува професионално, дури и кога станува збор за случаи кои водат до власта.

 Владата на Мицкоски е потресена од низа сериозни афери и криминални скандали со тендери – од 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга, 74 милиони евра за трета фирма, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

 Очекуваме пред сè независност, стручност и непристрасност. Да постапува по закон, да гони криминал без разлика кој стои зад него и да покаже дека обвинителството не е инструмент на власта.

 Начинот на кој течеше разрешувањето на поранешниот обвинител, политичките притисоци и елиминацијата на обвинител јавно на телевизија од страна на Мицкоски, оставаат сериозен сомнеж во намерата на власта.

 Оттука, новиот јавен обвинител го чека многу работа, особено во случаите со криминал и корупција на власта.

Предметите се тука. Нека ја врши својата работа. Законот мора да биде еднаков за сите. Правдата мора да биде достижна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања