Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
grubi-41

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на реализација на договореното враќање на Груби. Сѐ е дел од однапред смислено сценарио, политички дил, велат од СДСМ.

— реклама —

„Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби освен ако не е сѐ наместено?

— реклама —

Како однапред знаат, па уште и најавуваат од партиска говорница на ВМРО-ОКГ?

— реклама —

Дури и листа на имиња имаат кои што Бране Петрушевски ги објавува.

Исто како што портпаролката на Владата, Митева, јавно, на телевизија кажа дека предвреме знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски.

Однапред им е договорено.

ВМРО-ОКГ тонат сѐ подлабоко во сопствените лаги бидејќи не знае како да се оправда, разоткриени се, причитани се, не им поминува веќе.

Театарот започна на граница, со очила, насмевка, камер, само уште црвен килим недостасуваше и Мицкоски да го пречека Груби. Имало безбедносна проценка, па немало. Дале МВР и АНБ, па не дале. Имало странски служби, па немало.  Циркус.

Секој ден излегуваат со нова верзија, нов спин, нова лага преку нивните медиуми под контрола на Орбан.

Наместо да се занимаваат со подобар стандард на граѓаните, тие се занимаваат со црна кампања и бесмислена пропаганда, за да ги прикријат сите неуспеси на оваа криминално-коруптивна тендер коалиција што ја води државата.

Тоа е капацитетот на ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања