Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Мицкоски без мандат преговара за мигранти – Македонија не смее да стане база за туѓи политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
bo-kuzeska

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро реагираше на информациите објавени во британскиот медиум The Times, според кои македонската влада води разговори со Обединетото Кралство за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти.

— реклама —

Кузеска оцени дека станува збор за „антидржавно и национално предавство“, истакнувајќи дека јавноста е со право вознемирена бидејќи, како што рече, владата „се договара зад грбот на граѓаните за штетни договори“.

— реклама —

„Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти? Никој“, порача Кузеска, предупредувајќи дека темата е исклучително чувствителна и поврзана со безбедноста, стабилноста и иднината на државата.

— реклама —

Таа праша дали ова е „големата економска вест“ што Мицкоски ја најавуваше, дали е направена безбедносна процена и зошто Македонија би ги прифатила мигрантите што Британија сака да ги врати.

СДСМ посочи дека дури и најсилните европски држави се соочуваат со сериозни предизвици околу интеграцијата на мигрантите, наведувајќи ги Шведска, Германија и Велика Британија како примери каде што, според нив, растат криминалот, немирите и насилствата.

„Ако овие развиени земји не можат да се справат со проблемот, Македонија уште помалку може“, нагласи Кузеска, додавајќи дека општеството „не може да го издржи ваквиот товар“.

Таа обвини дека политиките на ДПМНЕ ги бркаат младите Македонци од државата, а сега, како што кажа, власта планира да носи мигранти од трети земји.

СДСМ најави дека со „целокупниот свој капацитет“ ќе се спротивстави на ваквите политики и ги повика граѓаните да се обединат во одбрана на државните интереси.

„За Македонија се работи. Не за антимакедонските политики на ДПМНЕ“, порача Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 13 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања