Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ води организирана и сензационалистичка кампања со цел дефокусирање на јавноста од, како што велат, вистинските проблеми – криминалните тендери и плановите за „мигранти за пари“.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека изминатите денови биле објавени десетици текстови со идентични наслови во порталите блиски до ВМРО, како и прилози на телевизии, со наводи дека д-р Венко Филипче поседува „златна виза“. Според партијата, станува збор за класичен пример на жолт печат и намерно пласирани лаги.

— реклама —

„Оваа тема служи единствено за дефокус од сериозните прашања и од обидот за дестабилизација на СДСМ, преку координирани активности со лица кои јавно се декларираат како анти-СДСМ“, соопштуваат од партијата.

— реклама —

СДСМ нагласува дека визата е обичен административен документ за влез или престој во друга држава, а не „злато“, како што се обидува да се прикаже во јавноста. Потенцираат дека д-р Венко Филипче е лекар и нема никаква поврзаност со градење згради, ниту со наводни инвестиции во Дубаи, ниту пак со поранешниот премиер Зоран Заев, кој, како што велат, веќе пет години е надвор од политиката.

Од партијата порачуваат дека нема да одговараат на лажни вести и измислици, туку ќе продолжат со разоткривање на, како што велат, криминално-коруптивните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред нас се избори и граѓаните ќе имаат јасен избор – изолација и хаос или европска, демократска и просперитетна Македонија. СДСМ ќе се бори власта да се врати во рацете на граѓаните, а не во канџите на бандитски структури“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека нивната цел е изградба на функционален систем, по европски стандарди, и подобра иднина за граѓаните и нивните деца.

„Борбата трае и нема да застанеме“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања