Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Мицкоски лаже, Европа вели НЕ за тројански коњи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ обвинува дека Христијан Мицкоски лаже за европскиот пат на Македонија и дека наместо реформи создава конфликти со соседите за да ја држи земјата во изолација и да избегне одговорност за корупција и криминал. Според СДСМ, ЕУ преку еврокомесарката Марта Кос порачала дека нема место за „тројански коњи“, посочувајќи на наводни врски на ВМРО со Русија/Москва, „Ноќните волци“, СНС и кинески пари. Како услови за напредок ги наведуваат реформите, владеење на правото, медиумски слободи и уставно вклучување на малцинствата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Мицкоски лаже, Европа вели НЕ за тројански коњи

— реклама —

Христијан Мицкоски многу лаже.  Сите во Европа го прoчитаа. Како што лажеше дека ќе го врати името, така лаже и денес за блокираниот европски пат на Македонија, велат од политичката партија СДСМ.

— реклама —

„Еврокомесарката за проширување Марта Кос предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и испрати јасна порака во името на ЕУ – нема место за тројански коњи.

— реклама —

За жал, Македонија денес има токму таков пример со ВМРО, со нивниот вицепремиер кој има средби со „Ноќните волци“ на Путин, по врските со Москва и нивната сестринската партија СНС, по кинеските пари.

Европа не прифаќа тројански коњи во своите редови.

Пораките од Европската Унија се директни и недвосмислени. Реформите во правосудството, владеење на правото, борбата против корупцијата и криминалот, слободата на медиумите и вклучувањето на малцинствата во Уставот се услов за продолжување на европскиот пат на државата.

Наместо да работи на исполнување на овие услови, Мицкоски свесно создава конфликти со соседите со цел да ја држи земјата во изолација. Тоа е единствениот начин да се избегне одговорност за криминалот и корупцијата во врвот на власта.

Граѓаните знаат: европската перспектива на државата е реална и достижна, но Мицкоски ја тука Македонија во изолација.

Сè кај Мицкоски е лага. Дури и неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“.

Како што лажеше за враќањето на името, сега лаже и за влезот во ЕУ.

Политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ во една реченица: ЛАГА“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања