Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Наместо економски мерки –дефокус и Платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ тврди дека ВМРО, поради пад на рејтинг, криминални скандали и лоша економија, започнало „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“ и создавање ДОС без СДСМ. Велат дека црните кампањи не поминале и дека ВМРО се оградува од Шилегов уште пред да има имиња. Според СДСМ, целта е распарчување на опозицијата; го споменуваат и ЗНАМ како партија без поддршка. СДСМ се претставува како единствена неконтролирана опозиција и најавува дека нема да дозволи да биде урната, истакнувајќи „нова енергија“ против власта на Мицкоски и ВМРО.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Паниката во редовите на ВМРО од паднатиот рејтинг, бројните криминални скандали кои ги објавува АКТ и катастрофата во економијата ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ, велат од СДСМ.

— реклама —

„Ниту една црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не им помина, граѓаните го препознаа дефокусот.

— реклама —

Се уверија дека не можат да го скршат АКТ и раководството на СДСМ и ВМРО-ОКГ го употреби својот последен адут.

— реклама —

Осмислија ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’ за создавање на некаков ДОС во кој нема место за СДСМ – најголемата но и единствеата неконтролирана опозиција во Македонија.

Сè уште не почнале, нема имиња, а веќе се оградуваат од Шилегов, предлагачот на платформата. Како ли ќе останат единствени кога ќе излезат имињата?

Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.

Со тоа докажуваат дека дополнително сакаат да ја распарчат. Го споменуваат ЗНАМ бидејќи пропадна. ЗНАМ нема повеќе никаква поддршка, затоа што граѓаните сфатија дека го покажаа своето продадено лице во тендер-коалицијата.

Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“.

СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните.

Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.

СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања