Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Наместо поевтинување – горивата поскапеа за 7 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

СДСМ обвини дека наместо најавеното намалување на цените на горивата, граѓаните се соочуваат со ново поскапување од 7 денари по литар, што, според партијата, претставува сериозен удар врз животниот стандард.

— реклама —

Од партијата велат дека станува збор за „уште една неисполнета најава“ на премиерот Христијан Мицкоски и обвинуваат дека, како што наведуваат, „тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ“ носи политики што директно ги погодуваат граѓаните.

— реклама —

„Наместо намалување од 2,5 денари – граѓаните добија поскапување од 7 денари. Ова е второ сериозно покачување, а владата не презема никакви мерки за заштита на животниот стандард“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Според нив, зголемувањето на цените на горивата ќе предизвика нов бран поскапувања и кај храната, основните производи, па дури и кај струјата, со што, како што велат, ќе се задржат високи цените во маркетите дури и ако горивата подоцна се стабилизираат.

Од СДСМ тврдат дека граѓаните само за една недела платиле дополнителни 3 милиони евра, а со новото покачување таа сума би достигнала 4,5 милиони евра неделно.

Партијата најави дека ќе достави пакет законски решенија до Собранието, меѓу кои:
– намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%
– намалување на акцизата за 4 денари
– 0% ДДВ за основните прехранбени производи
– преполовување на цените на патарините

„Владата мора веднаш да реагира и да ги прифати овие мерки. Граѓаните не можат повеќе да чекаат“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека ова е втор пат да предлагаат вакви решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања