Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Наместо за авиони, Сиљановска да зборува за најниските плати во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
siljanovska-davkova-1

СДСМ со реакција ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по нејзините изјави во врска со користењето на владиниот авион, оценувајќи дека наместо за летала, треба да се зборува за економската состојба на граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека претседателката досега најмногу го користела владиниот авион и дека не соопштува колку тоа ги чини граѓаните. Според партијата, наместо да се отвора прашањето за набавка на поголем или поудобен авион, фокусот треба да биде ставен на ниските плати, поскапувањата и животниот стандард.

— реклама —

Опозициската партија тврди дека минималната плата во државата е најниска во регионот и меѓу најниските во Европа, посочувајќи дека предлогот за минимална плата од 600 евра не наидува на поддршка од власта. Во реакцијата се наведува и дека летовите со владиниот авион можат да чинат и до 40 илјади евра, што, според СДСМ, е значително повеќе од комерцијален лет во економска класа.

— реклама —

СДСМ поставува и прашање дали претседателката разговарала со своите колеги од регионот за економската состојба на македонските работници и нивниот животен стандард. Според партијата, во јавноста се отвораат теми за луксуз и авиони, додека прашањата за платите и социјалната сигурност остануваат во втор план.

Од СДСМ порачуваат дека приоритет треба да бидат граѓаните и нивниот стандард, а не, како што наведуваат, луксузот на функционерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања