Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

Наместо зголемување на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, актуелната власт признава дека во буџетот нема средства ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, реагираат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја напуштила социјалната политика, а граѓаните веќе се соочуваат со пораката дека повисоки плати нема да има и дека мора да се „навикнат“ на сиромаштија.

— реклама —

– Во исто време кога нема пари за минимална плата и пензии, власта склучува договори со кои презема обврски за т.н. „економски работници“, за кои, според објави на британски медиуми, државата ќе мора да обезбеди плати, сместување и пензиски придонеси – велат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, со измените на Законот за странци, Владата се обидува да ја замагли суштината на проблемот, нарекувајќи ги мигрантите „економски работници“, а постои реална опасност тие подоцна да добијат и македонски пасоши, со што ќе станат рамноправни граѓани.

– Договорот е договор, но цената ќе ја платат граѓаните. Ако нема работа, ќе мора да им се плаќа, што директно значи уште помалку пари за платите и пензиите на македонските граѓани – предупредуваат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека во буџетот веќе недостигаат околу една милијарда евра, но тоа, како што велат, не ја загрижува власта.

– Очигледно има пари само за криминални тендери и партиски бизниси до крајот на мандатот – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања