Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека споредбите со земјите од Европската Унија, кои се користат како аргумент за укинување на техничката влада, претставуваат класична манипулација на јавноста.

— реклама —

„Никаде во Европа нема ваква корумпирана власт каква што имаме денес. Токму затоа е потребен контролен механизам како техничката влада“, порачуваат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, таканаречената тендер коалиција ВМРО–ЗНАМ се противи на техничката влада затоа што не сака во институциите да влезе министер од опозицијата, кој би имал увид во целокупната документација и во, како што велат, бројните злоупотреби и коруптивни шеми.

— реклама —

Како пример го посочуваат скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребата на европските средства, за кои беше приведен директор од редовите на ВМРО. Од СДСМ велат дека тоа е јасен показател оти присуството на опозициски министер би значело отворање и на други криминални случаи во ресорните министерства.

„Од тоа се плаши тендер коалицијата – од отворање на пандорината кутија на криминалните тендери и злоупотреби“, наведуваат од СДСМ.

Партијата нагласува дека без техничка влада не може да има праведни и фер избори, бидејќи ќе изостанат контролата и механизмите за спречување на изборни злоупотреби. Затоа, според СДСМ, техничката влада мора да остане како гаранција за демократски и кредибилни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања