Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дел од бизнис мрежата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryorjahdqd0hr98Nks2Md
Скопје1.мк

СДСМ обвини дека назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола претставува дел од, како што велат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.

— реклама —

Според СДСМ, поставувањето луѓе блиски до власта на клучни позиции во енергетиката директно влијае врз производството на електрична енергија и врз трошоците што ги плаќаат граѓаните.

— реклама —

„Кога се произведува помалку струја, државата е принудена да увезува поскапа електрична енергија, а таа цена на крајот ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ.

Партијата тврди дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра, а производството на струја било значително под планираното, односно наместо предвидените околу 5.000 гигават-часови произведени биле околу 3.000.

Во соопштението СДСМ наведува дека постои поврзаност меѓу, како што тврдат, офшор компании на Кипар, бизнисменот Адамовиќ и компанијата Руднап груп, како и други институции, кои според нив се дел од иста бизнис мрежа.

Од СДСМ додаваат дека граѓаните ќе ја почувствуваат цената на овие политики преку повисоки сметки за електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања