Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

— реклама —

СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот. Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам си ги снимаше се гледа дека имал само неколку средби со негови партнери меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG, велат од опозициската СДСМ.

— реклама —

„Политичката и бизнис спрега на релација Орбан-Мицкоски влијае и врз Македонија.

— реклама —

Според најновите информации, унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор во обид за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром.

Овој обид не е само бизнис потег, таа е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот, вклучувајќи го и главниот енергетски систем на Србија, кој НИС го доминира како единствен рафинерија за нафта во земјата.

Покрај ова, Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија, како што е случајот со OTP банка, која има значително присуство и аквизиции во регионот, како и во различни сфери на бизнисот.

Ова ширење на влијанието сега го опфаќа и енергетскиот сектор, со планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта од MOL кон Србија поради санкциите.

Двете земји и понатаму одржуваат блиски односи со Русија иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ која бара и воведување на санкции.

Во исто време и Мицкоски најавува интерес за енергетски проекти во Македонија.

Овие чекори се дел од затворениот круг Фидес-СНС-ВМРО, каде што Орбан, Вучиќ и Мицкоски соработуваат за да ги зајакнат своите позиции на штета на европските интеграции и демократијата.

Ова не е изолиран случај, потсетува на веќе видените врски, како што е влезот на 4iG во македонскиот телеком сектор, која е блиска до Орбан и добива масивна државна поддршка во Унгарија.

Таквите инвестиции служат за зголемување на контролата врз стратешки сектори, медиуми и информации, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што ја изолираат регионот од ЕУ.

СДСМ веќе неколку месеци предупредува за овие планови на ВМРО, кои копираат модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси.

СДСМ повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија.

Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност.

Борбата за праведна и европска Македонија продолжува“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 28 минути

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 1 час

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 16 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања