Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира планот за „економските работници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8, иако нивните договори за работа се уште важат. „На работа се задржани претежно странски државјани“, пренесуваат од партијата.

— реклама —

„Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании. Се реализира подготвениот план за ‘економските работници’“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека „Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените ‘економски работници’ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година, иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени“.

— реклама —

СДСМ посочува дека владата прво склучила „стратешки договор“, а потоа го сменила Законот за странци, „ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“. „Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има ‘стратешки партнер’“, додаваат од партијата.

„Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа. Со носењето ‘економски работници’ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат. Не тоа не се мигранти, тоа се ‘економски работници’“, завршува соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања