Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Пет тони дрога не минуваат граница без политичка заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека и по една недела од заплената на пет тони дрога во соседна Србија, која според информациите потекнува од Македонија, јавноста сѐ уште не добива одговори како толкава количина наркотик поминала преку македонската граница.

— реклама —

Од СДСМ прашуваат како е можно пет тони дрога да бидат транспортирани преку граничните премини без никој да понесе одговорност, потенцирајќи дека државата располага со системи како „Сејф сити“, скенери, мобилна царина и редовни контроли. Според партијата, ваков криминал не може да се реализира без поддршка, логистика и заштита од структури на власта внатре во институциите.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека од медиумите се дознава за наводна поврзаност на случајот во Србија со сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во таа земја, како и со државни функционери, што дополнително, според СДСМ, го продлабочува сомнежот за организиран криминал со политичка заштита.

— реклама —

Опозициската партија прашува уште колку тони дрога поминале преку границата без да бидат откриени и кој во врвот на власта, во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и другите надлежни институции е соучесник во овој случај.

Наместо јасни одговори, СДСМ оценува дека власта се обидува да дефокусира преку медиумски кампањи и политички напади, со цел да ја префрли вината врз опозицијата. Според партијата, ваквите обиди нема да успеат, бидејќи, како што наведуваат, картелскиот скандал води директно до врвот на власта и мора да заврши со утврдување на целосна одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 18 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања