Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Платформата на ВМРО создава дефокус од економските проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ обвинува дека државата е во сериозна економска криза и дека власта, наместо мерки за заштита на стандардот, се занимава со политички пресметки и слабеење на опозицијата, користејќи дел од медиумите за наративи. Партијата предупредува на нови поскапувања и посочува дека не е реализирано ветеното зголемување на минималната плата на 600 евра. Тврдат дека Владата не усвоила економски мерки за спречување раст на цените. СДСМ наведува дека има обиди за дискредитација и притисоци врз партијата, но најавува дека ќе продолжи да објавува случаи на криминал и корупција и дека „дефокусот“ повеќе не поминува.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Социјалдемократскиот сојуз обвини дека државата се соочува со сериозна економска криза, додека власта, наместо да преземе конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, се занимава со политички пресметки и обиди за слабеење на опозицијата.

— реклама —

Од партијата велат дека граѓаните веќе подолг период можат да сведочат за, како што тврдат, „организирано делување“ на ВМРО-ДПМНЕ, кое, според нив, користи дел од медиумите за пласирање наративи во јавноста.

— реклама —

СДСМ предупредува дека се очекуваат нови поскапувања и дека работниците не добиле најавено зголемување на минималната плата на 600 евра, што, како што наведуваат, наскоро нема да биде доволно за покривање на основните трошоци за живот.

— реклама —

„Владата досега не усвои економски мерки, како што тоа го направија земјите од регионот и Европа, со цел да се спречи растот на цените. Овој тренд ќе продолжи и ќе предизвика синџирно поскапување на животните намирници“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека наместо фокус на економијата, власта се обидува да ја дискредитира СДСМ, која, според нив, останува единствена неконтролирана опозиција што објавува случаи на криминал и корупција.

Од партијата обвинуваат и за, како што велат, обиди за внатрешно разнебитување на СДСМ преку притисоци, уцени и понуди кон поединци, но нагласуваат дека тие обиди не успеале.

„Откако не поминаа лажните афери, повторно се вратија на фабрикување вести со цел дефокус од реалните проблеми што директно го погодуваат животниот стандард на граѓаните“, стои во реакцијата.

СДСМ оценува дека граѓаните веќе ги чувствуваат економските последици и дека, како што велат, „дефокусот повеќе не поминува“.

Од партијата порачуваат дека ќе продолжат со своето делување и најавуваат дека власта, како што велат, „ќе се врати во рацете на народот“, со цел, според нив, да се воспостави систем што ќе функционира во интерес на граѓаните и ќе ја насочи државата кон европската интеграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања