Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Платите се ниски, цените растат, Владата не презема мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
filipce-ck-sdsm

СДСМ обвини дека платите во Македонија се ниски, додека цените на основните производи и енергенсите постојано растат, а Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, според партијата, не презема мерки за подобрување на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ велат дека повеќе од 200.000 работници во земјава едвај ги покриваат основните трошоци за живот.

— реклама —

„Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај. Над 200.000 работници буквално преживуваат со плати кои не можат да ги покријат ниту основните животни потреби“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Партијата ја критикува Владата дека одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и тврди дека наместо поддршка за работниците, премиерот ги навредува оние кои бараат повисоки примања.

Според СДСМ, Мицкоски изјавил дека платите во јавната администрација се добри „со оглед на тоа колку работат“, како и дека не им е потребен годишен одмор, што, како што наведуваат, претставува потценување на трудот на работниците.

Од партијата посочуваат и дека растот на цените на нафтата дополнително ги зголемува цените на храната и основните производи.

„Во продавниците веќе има нови поскапувања, а цената на зејтинот надмина 100 денари“, наведуваат од СДСМ.

Тие додаваат дека со вакво темпо на поскапувања платите секојдневно губат од вредност и предупредуваат дека економијата не може да се смета за силна доколку платите на работниците останат ниски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања