Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Погодивме осино гнездо, ДПМНЕ дефокусира од предавството „мигранти за пари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ денеска ја оцени кампањата на ДПМНЕ како обид за дефокусирање на јавноста од најважната тема – „мигранти за пари“, што ја објавија британските медиуми.

— реклама —

Според партијата, ДПМНЕ е во паника и дури донесе неуставна Резолуција со која се обидува да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, за никој да не зборува за оваа тема. СДСМ ја спореди ваквата постапка со нацистичкиот пристап од 1933 година, кога преку Декретот на Адолф Хитлер беа суспендирани клучни граѓански слободи, вклучително и слободата на говор.

— реклама —

„ДПМНЕ секојдневно организира прес-конференции за напади на СДСМ, штанцајќи лажни вести и повторувајќи стари фрази од времето на Никола Груевски. Се обидуваат да отвораат и по 50 теми дневно, но бегаат од вистината – ‘мигранти за пари’. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

— реклама —

Партијата додава дека промената на Законот за странци од страна на ДПМНЕ им овозможува на мигрантите да се претставуваат како „економски работници“, со што, како што велат од СДСМ, се подготвува план за избори, а потоа за мигранти.

„Нема да ви помине. Борбата започна!“, нагласуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања