Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: „Поскапе визата од многу лажење, кога ќе ја објавите фотографијата?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја дезинформира јавноста со контрадикторни и неосновани тврдења, кои, како што велат, веќе ни самите не можат да ги следат.

— реклама —

„Од толку многу лажење, поскапе и таканаречената ‘виза’. Вчера беше половина милион долари, денеска веќе е половина милијарда, и тоа не во долари, туку во евра“, реагираат од СДСМ, оценувајќи дека ваквите изјави покажуваат дека на лагите им нема крај.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека ваквото однесување доаѓа во момент кога, како што наведуваат, ВМРО-ДПМНЕ е фатена „жива“ во милионски криминални тендери и договарање мигранти за пари.

— реклама —

Во реакцијата се споменува и името на пејачот Харис Џиновиќ, за што од СДСМ прашуваат дали станува збор за обид за дефокусирање на јавноста. Тие иронично додаваат дека можеби станува збор за „славење“ на вработувањето на сопругата на Манасиевски во Министерството за дигитална трансформација.

„За што ги сметате граѓаните на Македонија? Ова веќе е навреда на нивната интелигенција“, порачуваат од СДСМ.

На крајот, партијата повторно го поставува прашањето до ВМРО-ДПМНЕ: кога ќе ја објават фотографијата од Дубаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања