Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Прегреа кујната на ВМРО пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

СДСМ остро реагира на тврдењата на ВМРО дека нивни членови се „играчи на руската политика“, оценувајќи ги како недозволиви и неинформирани. Потсетуваат дека НАТО е сојуз од 32 држави кои вовеле санкции кон Русија (со исклучоци), и дека СДСМ ја внел Македонија во НАТО за помалку од две години. Во соопштението СДСМ ја обвинува ВМРО за изолација, економски пад и низа скандали, и најавува дека доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тие бараат Мицкоски да одговори за наводни врски на блиски соработници со Русија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО вели за членовите на СДСМ дека се истурени играчи на руската политика? Дали сте свесни што напишавте? Кој им ги пишува овие соопштенија и прес конференции? Дали Мицкоски во бес, лично, или пак Ивона, или нејзиниот соработник од српските служби Латас?Дали знаете што е НАТО? Изгледа дека не знаете, вели СДСМ.

— реклама —

„НАТО е најмоќниот воен сојуз во светот и го сочинуваат 32 земји (претежно Европа, САД и Канада).

— реклама —

Сите овие земји воведоа санкции против Русија, освен Турција и вашиот Орбан (оној кому му дадовте енергетика, телекомуникации и преку кого контролирате 40% од медиумите во Македонија, кои ги објавуваат вашите глупости)!

— реклама —

СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку еден од најкратките постапки во споредба со мнозинството членки – за помалку од две години.

Што направиве вие од ВМРО по прашањето на евроинтеграциите во овие две години катастрофална, криминално-коруптивна власт, освен изолација на земјата и пад на економијата?

Треба ли уште нешто да се каже за вашиот наслов „играчи на руската политика“?

По Дубаи, зграда од 42 ката, Харис Џиновиќ, скокови во далечина, Венеција, Сен Мориц, др. Жан, модуларни болници (ова и да не го спомнуваме што ги навредувате семејствата на загинатите), сега и ова.

Сето ова за помалку од два месеца.

Па зарем не ви е јасно дека веќе не поминува ни во Северна Кореја или во некои далечни земји од третиот свет, на чија листа ја ставивте Македонија за американски визи.

Дали вие навистина мислите дека Македонците се слепи и глуви?

Станува сè посмешно.

Ви прегреа кујната.

Утре доаѓа Марк Руте, генералениот секретар на НАТО, сојуз во кој е Македонија благодарение на сериозната државничка политика што се водеше во времето на мандатот на СДСМ.

Благодарение на таа сериозна посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија и нивните деца се помирни, побезбедни и побезгрижни.

А Мицкоски нека смисли што ќе му каже на генералот секретар на НАТО за своите најблиски – вицепремиерот  Стоиљковиќ и почесниот конзул Адамовиќ, како и за нивните врски со Русија и нивната служба за безбедност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања