Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Проблемот почнува од врвот, оставка од Тошковски поради изгубените животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

СДСМ вели дека трагедијата во Карпош, каде загинаа мајка и дете, покажува сериозни пропусти на МВР во заштитата од семејно насилство. Според нив, сторителот бил пријавуван две години, со вкупно 12 пријави и други обвиненија, а МВР имало индиции за висок ризик, но реагирало ненавремено. СДСМ потсетува дека семејното и насилството врз жените се гонат по службена должност и бара оставка од министерот Панче Тошковски и темелна истрага за одговорност на службени лица. Наведуваат и друг случај во Велес и тврдат дека во 2026 веќе има четири жртви од родово базирано и семејно насилство.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете го отвора прашањето за сериозните пропусти на МВР за заштита од семејно насилство и повикува на одговорност, вели СДСМ.

— реклама —

„Овој случај е болен доказ за неуспех на МВР да се заштитат човечки животи. Две години биле пријавувани случаи на семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога.

— реклама —

МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

— реклама —

Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР.

Со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена. Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата.

Значи полицијата морарла да постапи. Дополнително, МВР е обврзано да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

За жал, ова не е изолиран случај.

Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. И тогаш МВР не реагираше навреме. Само во 2026 година веќе се изгубени четири човечки животи поради родово базирано и семејно насилство.

СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и темелна истрага која со име и презиме ќе ја утврди одговорноста кај сите службени лица – во МВР.

Проблемот почнува од врвот. Додека други молчат – СДСМ нема да молчи“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања