Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Ристов во РКЕ, Мицкоски ја шири својата бизнис мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ обвинува дека Христијан Мицкоски ја шири својата бизнис-мрежа во енергетскиот сектор преку нови позиции во клучни институции. Според партијата, поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Ацо Ристов"], чија сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет, е предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека Ристов, како и Мицкоски, имал бизнис со хидроцентрали, а нивната мрежа се протега низ сите делови на енергетскиот сектор – од производство и увоз на електрична енергија, до продажба и банкарство. Партијата нагласува дека Мицкоски ги поставува своите луѓе во институциите кои директно одлучуваат за цената на струјата и горивата, што, според СДСМ, на крајот го плаќаат граѓаните.

— реклама —

„Ова е уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри – почнувајќи од Адамовиќ, офшор структурите на Кипар, компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, 'Руднап', РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска и сега во РКЕ. Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести“, се наведува во соопштението.

— реклама —

СДСМ уверува дека ќе продолжи да ја разобличува, како што велат, „целата криминална мрежа – од Македонија, преку Србија, до Кипар и пошироко“ и дека сите ќе одговараат за незаконските дејствија. Партијата апелира граѓаните да бидат свесни дека високите цени на струјата и горивата се директна последица на ваквите бизнис-врски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања