Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Сакајќи да се испере за куќниот притвор Обвинителство го закопа Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

Во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски, вели СДСМ.

— реклама —

„Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

— реклама —

Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор. Ова е уште една потврда дека  сè е договорено одапред.

— реклама —

Режираното сценрио за реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ се случува пред очите на јавноста.

Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?

Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.

На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова.

Доаѓањето на Груби е очигледно временски темпирано, прво да се преземе целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ.

Сега коцките на целото режирано сценариот се немастени.

Тошковски и Христовски од ВМРО-ОКГ даваат проценка, обвинители назначени од ВМРО-ОКГ реализираат.

Граѓаните конечно гледаат сè и знаат.

Мицкоски треба да излезе и да одговори што треба ДУИ да добие за возврат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања