Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Се случува она што го најави СДСМ, се формира нова сателит партија на ВМРО- „Српска Демократска лига“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Она што СДСМ го најави пред граѓаните уште пред еден месец се потврдува. Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО, „Српска Демократска лига“, велат од опозициската СДСМ.

— реклама —

„Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ веќе е целосно маргинализиран и се дели.

— реклама —

Нивната улога сега е сведена само на гласање закони по налог на ВМРО и давање легитимитет на тендерската коалиција и криминалните зделки со тендери.

— реклама —

Сега, откако ЗНАМ ја исцрпи својата употребна вредност, ВМРО оди чекор понатаму, прави нова сателит партија.

По copy-paste моделот преземен од Вучиќ и СНС, нивната сестринска партија, со цел создавање контролирана опозиција и дополнително збунување на гласачите.

Станува збор за т.н. „Српска демократска лига“, директна копија на Српската лига, со изразен проруски наратив и отворена поддршка на политики кои не се во интерес на европската иднина на Македонија.

Во ова сценарио се споменува и Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни релации со структури блиски до СНС, со задача да ја игра улогата како ЗНАМ. Паралелно со работаа на Стоилковиќ кој ги координра активностите во име СНС и БИА.

СДСМ располага со информации дека имало повеќе обиди за врбување на членови на СДСМ за приклучување кон ова ново движење но без успех.

Разговори се водат и со поединци кои се уценуваат или се обидуваат да бидат купени со финансиска поддршка обезбедена од ВМРО.

Целта е јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ.

Затоа се постојаните напади врз СДСМ. Затоа не престануваат црните кампањи. Затоа се обидите за внатрешно разнебитување.

Нема одговор за 5 тони дрога но затоа има дефокус и нова сателит – партија.

Но, СДСМ нема да дозволи сценарија на контролирана опозиција и политички инженеринг по туѓи модели“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања