Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: „Скршнување од стратешките правци - Мицкоски и Стоилковиќ ја водат Македонија во изолација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Опозициската СДСМ изрази сериозна загриженост за, како што наведува, контрадикторните пораки што ги испраќа актуелната влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека земјата се оддалечува од своите стратешки евроатлански определби.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека, иако Владата јавно нагласува дека Северна Македонија останува стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во нејзиниот најтесен врв се наоѓаат функционери со изразени проруски ставови. Како пример го наведуваат вицепремиерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека со години одржува врски со политички и безбедносни структури поврзани со Москва.

— реклама —

Според СДСМ, ваквата поставеност испраќа спротивни сигнали до меѓународните партнери и претставува ризик за евроатланската ориентација на државата, како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.

— реклама —

Во соопштението се потсетува дека Стоилковиќ уште во 2017 година, за време на тогашната политичка криза, учествувал на средби во Москва и бил меѓу потписниците на таканаречената „Декларација за воена неутралност на Балканот“, иницијатива што, според СДСМ, била поддржана од руски дипломатски кругови со цел да се спречи проширувањето на НАТО во регионот.

Од партијата наведуваат и дека Стоилковиќ бил дел од поширока регионална мрежа на политички контакти, во која биле вклучени и српски безбедносни структури. Како дополнителен аргумент се посочуваат истражувања на меѓународни новинарски мрежи, меѓу кои и OCCRP, кои претходно укажувале на активности на странски разузнавачки служби во земјата за време на кризата во 2017 година.

СДСМ потсетува и на поновите активности на Стоилковиќ, вклучително и неговото присуство на безбедносен форум во Москва во мај 2023 година, организиран од Советот за безбедност на Руската Федерација, каде што, според нив, присуствувале и регионални политичари познати по своите проруски позиции.

Во таа насока, од опозицијата ја критикуваат и блискоста на актуелната влада со српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека ваквите односи ја приближуваат Северна Македонија до модел на регионална изолација и го оддалечуваат спроведувањето на клучните реформи, особено во правосудството.

Посебна загриженост, според СДСМ, предизвикува и поддршката што владини претставници ја даваат на политиките на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вклучително и учеството на настани кои се контроверзни од аспект на одлуките на институциите на Босна и Херцеговина.

Опозицијата оценува дека ваквите потези не се прашање на внатрешнополитички разлики, туку дека имаат пошироки безбедносни и геополитички импликации за државата и регионот, особено во контекст на најавите за заострена американска политика и можни санкции за корупција и дестабилизација на Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 17 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања