Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ со поддршка за барањата на синдикатите: Партијата нема да организира учество на протестот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
paridenari1

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека целосно ги поддржува денешниот протест на работниците и барањата на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите, нагласувајќи дека протестите мора да останат автентичен и независен израз на незадоволството на работниците.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека партијата принципиелно ќе продолжи да ги поддржува барањата на секоја група граѓани на кои им е потребна помош, но дека нема и нема да даде организирана, партиска поддршка за протестот.

— реклама —

„Нашите членови, како дел од синдикатите, можат автентично и индивидуално да учествуваат во протестите, но СДСМ нема да организира партиско присуство. Протестите мора да останат независни и веродостојни, исто како што и нивната организација е автентична“, соопштуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се нагласува дека во периодот кога СДСМ беше на власт немало потреба од протести на улиците, бидејќи платите континуирано растеле, дури и во услови на најтешки економски и здравствени кризи. Како што наведуваат, во тој период владините политики биле насочени кон интересите на граѓаните, а не кон поединци.

„Парите завршуваа кај граѓаните. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари“, се вели во реакцијата.

СДСМ остро реагира и на ставовите на Независната стопанска комора, оценувајќи дека нивната реакција е исклучиво во заштита на приватниот бизнис интерес на премиерот Христијан Мицкоски.

„Драго ни е што еден по еден излегуваат на виделина и го покажуваат своето вистинско лице. Граѓаните сега јасно гледаат кој работи за скапите часовници на Мицкоски. Листата станува сè подолга“, наведуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 15 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 19 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања