Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ со прашања пред посетата на Руте: Какви се врските на Владата со Москва?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
rute

Од партијата велат дека со денови бараат одговор од Мицкоски за неговите, како што наведуваат, врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на владина седница бил избран за почесен конзул на Македонија во Србија.

— реклама —

СДСМ тврди дека јавноста е запознаена со ставовите на Адамовиќ, меѓу кои и изјави дека „Српска Македонија“ била окупирана, како и со, како што велат, бројни контроверзии и сомнежи поврзани со оружје и со наводни врски со Москва. Во соопштението се посочува и поврзаноста со Српската напредна странка, која ја нарекуваат сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Опозицијата оценува дека, доколку тоа се критериумите за почесен конзул, тогаш секој со криминално минато и радикални политички ставови би можел да биде именуван на таква функција. Во таа насока, во соопштението се споменува и лице по име Симе, за кое се тврди дека има фотографии со премиерот.

— реклама —

СДСМ дополнително го отвора прашањето што Мицкоски ќе му соопшти на Руте во врска со Адамовиќ и со вицепремиерот Стоиљковиќ, за кого наведуваат дека е негов близок соработник во Владата и дека има врски со Русија.

„Дали тоа е соодветно за земја членка на НАТО? Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција?“ – прашуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања