Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ со жестоки обвинувања: Мицкоски работи за тендери, не за државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ со остро соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да се фокусира на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, се занимава со тендери, црни кампањи и пропаганда.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека, според нивните податоци, 161 тендер биле доделени на семејна фирма на Томовски, 51 тендер на „Пирамид Билдинг“, 74 тендери на „Ленди Груп“, девет милиони евра биле доделени на фирма со двајца вработени, а 1,2 милиони евра тендер преку Пошта завршил кај фирма блиска до ЗНАМ.

— реклама —

СДСМ оценува дека Мицкоски е „способен само за тендери за свој приватен бизнис и да биде уредник на таблоид“, додавајќи дека тоа е, како што наведуваат, единственото за што има капацитет.

— реклама —

Во соопштението се тврди и дека странските инвестиции се намалиле за 729 милиони евра, дека работниците едвај врзуваат крај со крај, дека нема зголемување на платите и дека економијата „тоне од ден во ден“.

„Да води држава – не е способен“, порачуваат од СДСМ, повикувајќи го премиерот наместо, како што велат, да измислува афери и да спроведува црни кампањи, да се обиде да најде луѓе кои можат да помогнат во управувањето со државата.

Во завршницата од соопштението, партијата го нарекува ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ОКГ“, оценувајќи дека тоа е реалниот капацитет на партијата и на нејзиниот лидер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања