Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител - бизнис мрежата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Опозициската СДСМ обвини дека открила бизнис мрежа во енергетскиот сектор поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која, според партијата, се испреплетуваат политиката и бизнис интересите.

— реклама —

Од партијата тврдат дека станува збор за „енергетски октопод“ кој, како што наведуваат, се протега преку регионални и офшор структури, вклучително и компании како „Rudnap Group“, и лица поврзани со владини институции.

— реклама —

„Сè е поврзано. Сите алки се на место. Се затвора кругот од производство и увоз на струја, преку финансии, до носење одлуки за цените“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Според нив, мрежата се протега и во повеќе домашни институции, меѓу кои Развојната банка, РЕК Битола и Регулаторната комисија за енергетика, каде, како што велат, се поставени лица блиски до Мицкоски.

СДСМ упати и критики до Јавното обвинителство, посочувајќи дека три месеци нема реакција на, како што велат, сериозните индиции за криминал.

„Време е за постапување. Очекуваме итна реакција за бизнис шемите во енергетиката. Да не чекаме уште три месеци. Време е за правда“, порачаа од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања