Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за Адамовиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrhpvs0j72uem79YSPPW

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста во случајот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, истакнувајќи дека одлуката за именување ја носи Владата на седница.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека прашањето на одговорноста завршува токму таму – кај извршната власт, која формално и правно ја носи одлуката за избор на почесен конзул. Според СДСМ, покрај институционалната одлука, клучни се и критериумите врз основа на кои е направен изборот.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Адамовиќ ги исполнувал критериумите, но не кажува кои се тие критериуми“, наведуваат од СДСМ, отворајќи прашања дали станува збор за политичка блискост со премиерот Христијан Мицкоски или за неговата поврзаност со Српската напредна странка.

— реклама —

Од партијата посочуваат и на информации во јавноста за наводни афери поврзани со Адамовиќ, прашувајќи дали македонските безбедносни служби направиле соодветна проверка пред именувањето и дали постоело лично лобирање.

СДСМ бара премиерот јавно да одговори како од толку угледни бизнисмени во Србија Владата го избрала токму Адамовиќ за почесен конзул на Македонија и дали биле земени предвид сите релевантни околности при донесувањето на одлуката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања