Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ ја повика власта да го поддржи предлог-законот за минимална плата од 600 евра, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со раст на цените и сè потежок животен стандард, додека, како што наведуваат, државните функционери продолжуваат со непродуктивни трошоци.

— реклама —

Од партијата соопштија дека синдикалната потрошувачка кошничка веќе надминува 67.000 денари, поради што, според нив, работниците се принудени да излегуваат на протести и да бараат повисоки плати и достоинствен живот.

— реклама —

СДСМ посочува дека нивниот закон за минимална плата од 600 евра е ставен на дневен ред во Собранието и ја повика власта да покаже конструктивност и да го поддржи решението во интерес на работниците.

— реклама —

Според партијата, средствата за зголемување на минималната плата може да се обезбедат преку ребаланс на буџетот и пренамена на средства кои, како што тврдат, се трошат за авион, мебел, нови службени возила, кабинети, патувања, репрезентации и тендери.

„Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања