Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Власта итно да ги прифати мерките за намалување на цените на горивата и храната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
market

Зголемување на цените на горивата и прехранбените производи, поскапување на потрошувачката кошничка за 2.500 денари, пад на индустријата од 9,4% раст на задолжувањата врз грбот на граѓаните, долгови на граѓаните и компаниите кај банките од 9,1 милијарди евра, ова е тешката реалност во која живеат граѓаните денес, велат од СДСМ.

— реклама —

„Доколку продолжи судирот на Блискиот Исток се предвидува зголемување на цената на нафтата и за 80%. Следува нов бран на сиромаштија, дополнителен удар врз семејните буџети и сериозен пад на животниот стандард.

— реклама —

Не може владата во вакви услови да не презема мерки а Мицкоски да се шета на прослави на ЕПП.

— реклама —

Недозволиво е цените секојдневно да растат, а Владата да одбива да ги покачи платите и веќе две недели да не презема ништо за да ги заштити граѓаните.

СДСМ има готови и применливи законски решенија за намалување на цените на горивата и храната.

-Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%

-Намалување на акцизата за 4 денари по литар

-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи

-Преполовување на цените на патарините

Владата мора итно да ги прифати овие мерки. Секое одложување значи нов удар врз граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања