Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е заробена партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека партијата функционира како „заробен систем“ управуван од еден човек – лидерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Според СДСМ, со последните одлуки Мицкоски ги отстранил сите потпретседатели и целосно ја укинал внатрепартиската рамнотежа, воспоставувајќи авторитарен модел на раководење во кој, како што тврдат, сите одлуки зависат исклучиво од него. Како дел од тие промени, од функциите биле тргнати Тимчо Муцунски, Александар Николовски, Владо Мисајловски и Гордана Кочовска.

— реклама —

Во партиското соопштение се наведува дека наместо реформи, ВМРО-ДПМНЕ се трансформирала во „приватна фирма“, каде што приоритет имаат тесни интереси и приватни зделки, особено преку јавни набавки. СДСМ дополнително обвини дека ваквиот модел овозможува и непречено функционирање на незаконски активности, вклучително и шверц на дрога преку границите.

— реклама —

Социјалдемократите тврдат дека на местото на отстранетите функционери се поставени најблиските соработници на Мицкоски, при што еден од нив бил задолжен за организација и контрола на тендерите, а друг за контакти и соработка со безбедносните служби.

„Станува збор за затворен систем на контрола, моќ и бизнис-зделки, во кој партијата е целосно заробена“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања