Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги злоупотребува жртвите од модуларната болница за црна кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

СДСМ со остра реакција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги злоупотребува загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка и дефокус од, како што наведуваат, најголемиот нарко-скандал во државата.

— реклама —

Од партијата тврдат дека власта нема одговор на прашањата како пет тони дрога ја преминале границата и кој ќе понесе одговорност, па наместо тоа, според нив, се пласираат „лажни вести, црни кампањи и јавен линч“.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ прво го користела доктор Жан, претставник на здравствена установа, за, како што тврдат од СДСМ, „измислена афера“ со цел напад врз претседателот на партијата Венко Филипче.

— реклама —

„Сега и 14-те загинати во несреќата во модуларната болница ги злоупотребуваат за своја црна кампања и дефокус од криминалот со дрогата од пет тони“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ оценуваат дека е недозволиво трагедијата во која животот го загубија 14 лица да се користи за политички цели и апелираат на одговорност и почит кон семејствата на настраданите. „Шокантно е колку немаат срам и човечност, па си поигруваат со чувствата на семејствата“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања